Нискобуџетната „Флај Дубаи“ сака да лета од Скопје

Bez autora
Apr 22 2012

Директна авиоврска од Скопје до Дубаи ќе се воведе до крајот на годинава. За оперирање на оваа релација најзаинтересирана е нискобуџетната авиокомпанија „Флај Дубаи“, која веќе почнала да прави физибилити-студија за исплатливоста на линијата, потврдуваат за „Дневник“ извори од авијацијата. Според неофицијални информации, „Флај Дубаи“ се двоуми меѓу Загреб и Скопје, но засега повеќе се концентрира на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Меѓу другото, една од причините за нејзиниот влез во Македонија се и владините субвенции за нискобуџетни компании кои ќе воведат нови линии на фреквентни дестинации по ниски цени. Според најавите на Владата, за оваа намена до 2015 година ќе се одвојат 5,1 милиони евра, од кои само во текот на годинава 1,4 милион евра.

Нискобуџетната „Флај Дубаи“ сака да лета од СкопјеДиректна авиоврска од Скопје до Дубаи ќе се воведе до крајот на годинава.

За оперирање на оваа релација најзаинтересирана е нискобуџетната авиокомпанија „Флај Дубаи“, која веќе почнала да прави физибилити-студија за исплатливоста на линијата, потврдуваат за „Дневник“ извори од авијацијата.

Според неофицијални информации, „Флај Дубаи“ се двоуми меѓу Загреб и Скопје, но засега повеќе се концентрира на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Меѓу другото, една од причините за нејзиниот влез во Македонија се и владините субвенции за нискобуџетни компании кои ќе воведат нови линии на фреквентни дестинации по ниски цени. Според најавите на Владата, за оваа намена до 2015 година ќе се одвојат 5,1 милиони евра, од кои само во текот на годинава 1,4 милион евра.

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) објаснуваат дека можноста за воспоставување директна авиоврска врска со Дубаи се отвора со билатералната спогодба меѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати, која треба да биде потпишана до крајот на септември, а кон крајот од годинава се очекува да профункционира и авиолинијата.

- Повеќе авиокомпании пројавуваат интерес за оперирање на оваа релација. Во меѓувреме, АЦВ доби овластување од Владата во мај да потпише билатерална спогодба за отворено небо со Сингапур и меморандум за разбирање со Австралија. Со нив се отвора можност да се воспостави директна авионска линија Скопје-Дубаи-Сингапур и Скопје-Дубаи-Австралија - велат од АЦВ.

Дознаваме дека токму можноста да се лета од Скопје преку Дубаи до поголемите градови во Австралија е многу привлечна за „Флај Дубаи“. Процените се дека таа ќе биде многу фреквентна, имајќи ја предвид многубројната македонска дијаспора што живее на австралискиот континент.

„Флај Дубаи“ е нискобуџетна компанија од Обединетите Арапски Емирати која во моментов лета на повеќе од 45 дестинации во земјите од Персискиот Залив, Блискиот Исток, Северна Африка, Индија, Азија и во Европа. Во регионот засега е присутна само во Србија, каде што лани воведе директна авиоврска Белград-Дубаи. Билетите за оваа релација во еден правец чинат околу 170 евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik